10 парчиња од гардеробата со кои ќе изгледате поубаво на фотографија

0

Социјалните мрежи како платформа за промоција на многу работи, служат и за лична забава.

Ако на Инстaграм не постираме фотографија од нашиот изглед денеска, можеби и не e прифатливо за нас.
Сакаме да фотографираме пејсажи, уметнички слики, селфи, но сакаме и да го покажеме модниот наш изглед коj денес ни одземал половина час, а можеби и повеќе за комбинирање на гардеробата.
Но, едноставно некои парчиња од гардеробата прават да изгледаме подебело и неубаво на фотографија.

За вас подготвивме 10 парчиња од гардеробата кои се најфотегенични и во кои секогаш ќе бидете подготвени за фотографирање.

1. Едноставна блуза или џемпер
1

Завршија зимските денови и нема потреба се уште да ги носите xxl џемперите и блузи кои секогаш на фотографија додаваат килограм повеќе.
Одберете едноставна и еднобојна блуза од лесен материјал што ќе оди по линијата на вашето тело. Користете модни аксесоари кои ќе го збогатат изгледот.

2. Широки, класични панталони
2

Овие панталони се чиста класика, но одлично ги покриваат вишокот на килограми и многу подобро стојат од тесните и припиени фармерки.
Ги издолжуваат нозете и ги покриваат оние делови кои можеби не ви се допаѓаат.

3. Миди здолниште
3.3

Овој тип на крој едноставно одговара на секого. Освен што миди здолништето се уште е едно од најмодерните парчиња од облеката, лесно се комбинира и го истенчува делото кај колковите.

4. Сандали со две ремчиња
4

Најпопуларните сандали на црвениот килим се токму овие. Едноставни се и даваат убав облик на стапалото и одговараат на секоj стил што ќе го одберете.

5. Откопчана кошула
5.

Класичниот изглед на кошулата е секогаш добредојден на фотографија- модерен и едноставен. Дополнително откопчајте ги првите неколку копчиња и позирајте.

6. Уникатен изглед на обетки
6

Моден тренд што одлично изгледа на фотографии. Одберете обетки кои ви се допаѓаат и збогатете го изгледот, особено ако правите селфи фотографија.

7. Блузи и фустани со отриени рамена
7

Овој заводлив изглед одлично прилега на секоја жена. Открива малку кожа и е вистинска класика.
Кога носите парче од гардеробата со откриени рамена, одберeте нешто потесно наместо широко.

8. Фармерки со висок струк
8

На кој начин може да ги носите долги блузи и џемпери? Искористете ги фармерките со висок струк и ставете ја блузата внатре.
Ова ќе ја нагласи формата на вашиот струк.

9. Струкирано сако
9

Нема ништо подобро од струкирано сако. Одлично прилега на линијата на телото и одговара со долго здолниште  или пак класични паталони или фармерки.

10. Откопчан капут
10

Денешниот изглед комплетирајте го со облекување на долгиот капут. Притоа, носете го откопчан и слободно направете фотографија.
Задржете ја минималноста комбинирајќи тесни фармерки или здолниште со едноставна блуза.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.