10 најскапи чевли на светот

0

Често знаеме да потрошиме малку повеќе пари како би купиле облека која нам ни се допаѓа. Но за чевлите со високи потпетици како овие на листава, би требале да собираме многу повеќе пари отколку за еден просечен пар.
Ви ги претставуваме најскапите чевли на светот:

Borgezie „Eternal Diamond” – 216.000 долари
На овие чевли има преко 2000 дијаманти, а секој од нив е 30 каратен. За произведување на еден пар потребни се месец дена, а гаранцијата трае 1000 години.

Borgezie „Diamond Princess Constellation” – 331.450 долари
Инспирацијата за изработка на овие чевли била песната „Diamonds on the Soles of Her Shoes“. На овие чевли има 1290 дијаманти, а да би се направил еден пат, треба да чекате 3 недели.

Stuart Weitzman „Diamond Dream” – 500.000 долари
Овие чевли прв пат и се претставени на јавноста 2007 година, кога актерката од филмот „Dreamgirls“ – Аника Нони Роуз, ги носеше на доделувањето на Оскарите. Секој пар на себе има 1420 дијаманти од 30 карати. Траката на овие чевли е направена од сребро.

Stuart Weitzman „Retro Rose” – 1.000.000 долари
Овие чевли се инспирирани од 40-те години во стилот на Холивуд. Цветовите на овие чевли се направени од Kwiat дијамантот кој е 100 каратен.

Stuart Weitzman „Marilyn Monroe” – 1.000.000 долари
Инспирирани од Мерлин Монро овие чевли во предниот дел се украсени со Swarovski кристали кои биле во сопственост на глумицата. Актерката Реџина Кинг имаше чест прва да ги носи но, потоа кристалите беа заменети со реплики, а чевлите продадени на хуманитарна акција.

Stuart Weitzman „Platinum Guild”- 1.090.000 долари
На овие чевли има 464 Kwait дијаманти. Од останатите чевли се издвојуваат по тоа што секоја трака може да се извади и да се носи како нараквица или ланче.

Stuart Weitzman „Ruby Slippers” – 1.600.000 долари
Филмот „Волшебникот од Оз“ е инспирација за овие чевли на еден пар има дури и по 642 бурмански рубини кои се 123.33 каратни.

Stuart Weitzman „Cinderella Slippers” – 2.000.000 долари
Ова се чевли како од бајка, на овој пар има 565 дијаманти, 55 каратни. На десната чевла има дијамант Amaretto кој има по 5 карати и вреди 1.000.000 долари.

Stuart Weitzman „Tanzanite” – 2.000.000 dolara
Ременот од овие чевли е направен од драгоцени камења од Танзанија кои се 185 каратни, додека ременот кај прстите е креиран од дијаманти кои имаат и по 28 карати.
Вредноста на овие камења е голема па затоа и самите чевли се наоѓаат второто место на најскапи чевли во светот

Stuart Weitzman „Rita Hayworth” – 3.000.000 долари
Обетките кои ги носеше Рита Хејворт се уникатни се употребени како свеќе на предниот дел од чевлата. Овие чевли на себе имаат дијаманти, сафири и рубини.
Прв пат на себе ги носеше Kathleen York.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.