10 најнеобични кафетерии во светот

0

Ова се сè, само не и обични кафетерии. Ви ги претставуваме 10 најнеобични тематски барови и кафетерии кои со сигурност ќе ве воодушеват.

1. Dinner in the Sky
Сите авантуристи се добредојдени тука. Ова место функционира како ресторан, коктел бар, сала за состаноци, интернет кафе на небо и е на 50 метри над земја.
Овој концепт на кафетерии веќе постои во 40 земји.
Авантуристи повелете.
1 (1)

2. Мahika Mano
Оваа кафитерија е одлично место за одмор и дружење. Кафитеријата е позната во Токио каде што обичните столчиња се заменете со удобни лежалки. Кафетеријата во исто време претставува и простор за изложба и продажба на лежалките и мебелот што се наоѓаат тука.
2 (1)

3. Gio Cat
Љубителите на мачиња се одушевени од оваа кафетерија. Оваа кафетерија исто така се наоѓа во Токио е поделена на 3 дела- дел резервиран само за мачки, дел за мачки и гости, додека третиот дел е резервиран за храна и пијалок.
3 (1)

4. 100% Chocolate Cafe
На кого не би му се допаднал овој чоколаден концепт?
На ова место се служат 56 врсти на чоколадо, со овошје, бадеми, млеко, сирење, црн бибер и што уште не. Сите овие кутии се чуваат на видно место на ѕидовите каде што може сите да ги гледаат.
Кафетеријата се наоѓа во Токио, повелете.
4

5. Giger Bar
Совршено место за љубителите на научната фантастика инспирирано од филмот „Alien“. Барот се наоѓа во Швајцарија.
5
6. Red Sea Star
Подводниот, ресторан, бар и опсерваторија се наоѓа во Израел на 5 метри под нивото на морето.
6 (1)

7. Laboratory
Оваа кафетерија се наоѓа во кампусот на Универзитетот во Калифорнија.
Се служи одлична храна и пијалоци со селекција на само домашни пива. Концептот на кафетеријата е налик на научна лабораторија и е забавно место за вашето кафе.
7

8. Christmas Cafe
Овој бар изгледа магично за време на божиќните денови и се наоѓа во Њујорк. Инаку е стара германска таверна од 19 век.
8

9. The Sewing Cafe
Креативно место и одлично за дружење за сите оние кои се вешти во плетењето и старите занаети.
Кафе, плетење, везење, шнирање, шиење и што уште не, за обожавателите на модата. Оваа кафетерија се наоѓа во Британија.
9
10. Robo Cafe
Се разбира во прашање е јапонски концепт инспириран од технолошки достигнувања каде што гостите ги послужуваат вистински роботи.
Кафетеријата се наоѓа во Осака и сигурно ќе се чувстувате како на филм кога робот ќе ви го донеце вашето макијато.
10

Кое од овие места би сакале да го посетите?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.