10 најдепресивни професии на светот

0

Работата обзема голем дел од животот и влијае на секојдневното расположение. Ако работата ве прави среќни, наутро ќе станете полни со енергија и елан, ќе се подготвите за работното место и ќе тргнете без проблем. Но, ако не ја сакате, ќе чувствувате константен замор, стрес, часовникот наутро ќе ви се чини најголем непријател бидејќи ќе ве потсетува на тоа што следи.

Истражување направено во 2014 година во САД, покажало дека процентот на луѓе кои се борат со депресија заради работата е од  6,9 до 16,2 % во 55 различни професионални области.

10.Образование 10,1%

Учителите се соочуваат со проблемите и животите на своите студенти што неминовно влијае на нивното расположение. Тие се обидуваат покрај сè, да ги научат своите ученици на нови лекции, да внесат знаење и покрај тоа што некои од нив одбиваат. Често можат да се соочат со ѕид од другата страна, што претставува дополнителна тешкотија.

9.Инженери 10,9%

Ова е една од најстресните и најтешки работи. Тешко е да се задржи, напорни се долгите часови на работа, бидејќи не завршува во фиксно време и сите последователни активности кои ги носи создаваат тешкотии. Дел од студентите, заради тешкотијата, се откажуваат уште за време на факултетот.

8.Здравство 11,5%

Докторите и сестрите се научени на долги работни часови, што значи помалку сон и време за личен живот. Нивото на стрес кај нив заради тоа е во постојан пораст. Покрај долгите часови работа и можноста да спасат живот (што е позитивна работа), тие многу често се соочуваат и со смрт, што не е воопшто лесно и е уште еден чекор поблиску кон депресивно расположение.

7.Издаваштво 12,3%

Иако изгледа примамливо и едноставно, реалноста е друга. Вработените во издавачката индустрија се соочуваат конкуренција, дистрибуција, маркетинг, развој  и дизајн.

6.Правни услуги 13,7%

Под овој термин влегуваат многу работи од областа на правото кои имаат една заедничка карактеристика – работа со луѓе. Доцни и долги часови работа, истражувања, недоволно сон и уште многу други особини кои придонесуваат кон депресивна состојба.

5.Лични услуги 14,4 %

Област каде се вклучени конслатинг услуги, работа со широк круг на луѓе, вработените во овој сектор не се фокусираат на сопствените проблеми, туку на проблемите на останатиот свет кој се обратил кај нив за помош.

4.Мануфактурно производство 14,4%

Околината во која што работат не е на задоволително ниво, така што работниците многу често чувствуваат незадоволство.

3.Социјални работници 14,8%

Социјалните работници се тука за да помагаат на други луѓе. Тие по правило се емпатични, грижливи луѓе, кои мислат дека нивната мисија е да бидат посветени во целост на помошта на другите. За луѓе кои не ја сакаат оваа професија, а сепак ја работат може да биде проблем кој ги води кон депресивно раполжение.

2.Недвижнини 15,5%

Агентите за недвижни се под постојан стрес за успешни зделки. Исполнуваат таргети кои исто како и во другите професии им одземаат голем дел од времето. Неуспехот за нив значи пораз кој придонесува кон негативно расположение.

1.Јавен транспорт 16,2%

На оваа работна позиција се забележани најголем број депресивни луѓе. Возачите мора да се соочуваат со груби, сурови, невоспитани и насилни луѓе секој ден. Иако, тие се витални во непреченото одвивање на секојденвието, сепак се први на оваа листа токму заради работата со секаков вид луѓе.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот