10 мудри совети за жени по 35-та година

0

 

Што треба секоја жена да знае по својата 35-та година:

  • Без разлика колку била добра журката, направи се од себе да се разбудиш во својата соба.
  • Помеѓу парчето торта и кекс обавезно направи место за чаша вода.
  • Ако е полноќ, а ти мораш да ја измиеш косата, да направиш епилација на нозете и маникир, секогаш одбери го сонот бидејќи влакнестите нозе можеш да ги сокриеш, на главата можеш да врзеш модерна марама, а ноктите да ги налакираш со безбоен лак дури и попат во автобус. Но никој и ништо не може да го маскира уморниот лик и лошото расположение.
  • Патувај! Искористи ја секоја прилика за да патуваш. Новите искуства се значајни.
  • Да трошиш време и емоции на неадекватен човек има смисла само доколку ти си доктор, а тој пациент кој те плаќа.
  • Измеѓу бурните романси и можноста за заработувачка секогаш направи го вториот избор.
  • Не се докажувај. Од расправијата може да добиеш само мигрена. Некогаш најдобро е да кажеш само: „ Да, како ти ќе кажеш.“ .
  • Пред да почнеш со било што прво запрашај се : „ Дали е ова за мене?“ Потоа затвори ја устата и оди по патот.
  • Некогаш неколку денови поминати во самотија се подобри отколку скапите спа третмани.
  • Ниеден маж не заслужува да трпиш неудобни чевли заради него.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот