10 карактеристики на таткото со добро срце

0

Децата се нашето богатство. Тие гледаат и учат од нашето однесување спрема светот, но и спрема нас самите.

Трудете се да бидете најдобрата верзија од себе во било кој аспект од животот и поставете цврсти темели во воспитувањето на вашето дете.

Татковците имаат исклучително важна улога во животот на децата и тоа не само додека децата се мали, туку и подоцна во нивниот развој, затоа многу е важно да бидат столб, подршка и извор на безусловна љубов за своите деца.

Татковците се совршена комбинација на нежност и сила, рационално размислување и срце полно со љубов, затоа е важно децата да растат со добар родител кој со својата љубов ќе им пружи здрав поглед кон светот, самодоверба и храброст да научат како да напредуваат.

Само татковците со добро срце можат да ги научат своите деца на следниве 10 карактеристики

  1. Емоциите не се ниту машки ниту женски пол 

Добриот маж знае дека чувствата се природна појава, без разлика на полот, затоа тој ги учи своите деца да ги прифатат своите чувства. Солзите не ја чинат личноста слаба, а изразот „како девојче“ не е синоним за ранливост. Сите понекогаш се чувствуваме тажно, луто, збунето, досадно,среќно, уплашено, уморно. Сите имаме подеднакво исто право да ги покажеме нашите чувства. Емотивноста не е строго поделена на полови.

2. Мажите и жените се еднакви

Таткото е секогаш спремен да зготви ручек или да измие садови исто како што не и пречи на мајката да го изнесе ѓубрето надвор или да ја искоси тревата. Тој го учи детето дека нема разлика ниту во изборот на хоби, активности, занимања или интереси. Детето треба да ги гледа родителите како работат како тим докажувајќи ја еднаквоста помеѓу половите.

  1. Таткото со добро срце е предобар

Мажот со добро срце ги обожава своите деца и тие благодарение на таа љубов се чувствуваат убаво и пријатно во секој момент, без разлика дали се сонливи во своите пижами уживајќи во неделното утро или пак блескаат пред нивниот прв училишен настап. Погледот на очите на мажот со добро срце секогаш му зрачи со позитивност, топлина и прифаќање. Тој ги учи децата да се прифатат и да се сакаат себеси онакви какви што се и да се чувствуваат самоуверено во својата кожа.

  1. Таткото со добро срце знае дека не е се во добриот изглед

Тој ги знае вистинските вредности. Знае дека изгледот и појавата не се важни, особено кога станува збор во споредба со индивидуалноста, срцето и умот. Постојат толку многу карактеристики кои не одредуваат како човечки суштества, и тоа се многу поважни нешта од изгледот, висината или тежината. Свесен е за тоа и драго му е што е така.

  1. Се е возможно

Таткото со добро срце ги учи децата како нема граници за се она што сакаат да го постигнат, се додека се спремни напорно да работат и никогаш да не се откажат од своите цели.

Децата треба да научат дека никакви влијанија не можат да ги спречат во остварување на нивните амбиции. Добриот татко никогаш не се исмева на големите планови на своите деца ниту пак се сомнева во важноста на нивните соништа, безразлика колку и да се чинат невозможни. Наместо тоа, тој ги охрабрува децата.

  1. Никогаш не се откажувајте, без обзир на се

Татковците со добро срце ги учат децата на вредноста на неуспесите, бидејќи секое животно искуство има своја вредност се додека сте способни да извлечете лекција од него. Кога детето ќе падне на колена тој ќе го научи како да заздрави, а потоа ќе му помогне да најдете сила да застане повторно на нозе и да продолжи понатаму бидејќи животот никого не чека.

  1. Заслужуваат почит

Во текот на растењето децата го гледаат однесувањето на својот родител со останатите луѓе, така тие го развиваат чувството за правда. Родителот знае дека треба да ги почитува другите, но и дека за возврат го заслужува истото. Тој го учи своето дете како да не им посветува внимание на оние кои се непристојни, груби и зли. Важно е тие да се добри и дека затоа за возврат заслужуваат добрина.

  1. Не ги форсираат децата

Таткото со добро срце не ги форсира своите деца да најдат партнер или сродна душа пред да “биде прекасно”. Тој ги остава да растат и да се развиваат со своја брзина, не наметнувајќи им го ставот дека пронаѓањето на животен партнер или бракот е најважната работа за среќа. Добриот татко покажува дека постојат многу животни патеки кои водат до среќата и дека најважната работа е тие самите да го пронајдат својот пат до неа без разлика дали тоа било со партнер или не.

  1. Секогаш ќе имаат обожавател

Таткото со добро срце секогаш ги сака своите деца дури и кога ќе згрешат. Тој разбира, простува, слуша и е присутен секогаш за своите деца. Тој е потпора дури и кога децата навистина не заслужиле.

  1. Тој е среќа за неговите деца

Како што поминува времето децата среќаваат секакви личности, злобни и лицемерни- во еден момент сигурно ќе се завртат наназад и ќе помислат “Навистина имам среќа. Има толку лоши луѓе, а јас имав среќа да пораснам во рацете на татко со добро срце“.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот