10 интересни факти за ракометот

0

За ракометот, како и за сите спортови, постојат факти што можеби не ги знаете. Ова се десет од нив.

Факт 1: Се вели дека ракометот е комбинација од фудбал, кошарка и ватерполо.

Факт 2: Има двајца судии што ја водат играта – судија покрај голот и судија на теренот.

Факт 3: За разлика од другите спортови, тука не е ограничен бројот на фаули што ќе ги направат ракометарите.

Факт 4: Ракометот на плажа се игра на помал терен. Во последниве години ова станува многу популарен спорт.

Факт 5: Големината на топката се разликува во ракометот за жени и за мажи. Децата тренираат со уште помала топка, која е притоа мека, за да се избегнат повреди.

Факт 6: Се верува дека играта потекнува од античките Грци.

Факт 7: Ракометот е вториот најпопуларен спорт во Европа. На прво место е фудбалот.

Факт 8: Голманот е единствениот што смее да се движи во внатрешноста на линијата на голот. Играчите од противничкиот тим не смеат да ја поминат линијата, иако голманот може да излезе надвор од неа.

Факт 9: Во американската верзија, ракометарот смее да направи само еден чекор пред да му ја додаде топката на друг играч.

Факт 10: Играчот не смее да ја држи топката подолго од 3 секунди и не смее да направи повеќе од 3 чекори додека ја држи.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.