10 фактори кои го зголемуваат ризикот од појава на рак на дојките

0

Ракот на дојка е еден од најчесите облици на рак кој ги напаѓа жените. Од година во година, ризикот од појава на оваа болест се зголемува, а раната дијагноза на оваа подмолна болест е клучна за спасување на животот на една жена.

За рано откривање на овој вид на тумор важно е да се обрнe внимание на првите симптоми и промени на вашите гради кои не смеете да ги игнорирате.

Но, од клучно значење е да знаете дека постојат одредени фактори кои го зголемуваат ризикот од појава на рак на дојка, а најважно од се е да знаете како да го намалите влијанието на тие фактори.

Прекумерена телесна тежина

Оваа состојба ја зголемува можноста за појава на рак на дојка за 30 до 60 отсто според британските студии.

Нередовна физичка активност

Резултатите од една нова студија на Универзитетот во Вашингтон покажаа дека жените кои вежбаат барем три часа неделно ја намалуваат можност да заболат од овој вид на рак за цели 40 проценти.

Лоша исхрана

Доколку сакате да го намалите ризикот од појава на рак на дојка, намалете ја количината на црвено месо и шеќер кои ги внесувате во вашиот организам.

Преголема количина на алкохол

Со секоја испиена чашка алкохол го зголемувате ризикот за појава на рак на дојка затоа што алкохолот во телото произведува токсини кои ја оштетуваат ДНК – структурата. Голема количина на алкохол создава големо количество на естроген, па така го зголемувате ризикот.

Пушење

Жените кои во своите домови и на работните места не се изложени на чад од цигари имаат двојно помал ризик да заболат од овој тип на канцер. Жените кои се активни пушачи имаат дури 40 отсто поголеми шанси да заболат од рак на дојка.

Генетика

Жените кои во гените BRCA1 и BRCA2 имаат одредени мутации имаат поголем ризик да заболат од рак на дојка. Познатата актерка Анџелина Цоли токму поради овие мутации се одлучи да ги отстрани двете дојки.

Фамилијарна анамнеза

Доколку некоја жена во вашето семејство (баба, мајка, сестра, тетка по мајка) се здобила со ваков вид на болест, ризикот е двојно поголем. Запомнете, самопрегледите на вашите гради и мамографијата се задолжителни!

Контрацептивни пилули

Иако сè уште не е научно докажано, постои верување дека земањето на контрацпетивни таблетки го зголемува ризикот за рак на дојка. Затоа, доколку таблетките ги земате само за да спречите несакана бременост, размислете за друг вид на контрацепција.

Ноќни смени

Една канадска студија докажа дека жените кои три пати неделно работат во доцните ноќни часови имаат и до 50% поголем ризик од појава на рак на дојка.

Стрес и осаменост

Американските научници потврдија дека жените кои се чувствуваат осамено и се под стрес имаат поголем ризик за појава на оваа зла болест за разлика од жените кои не се чувствуваат осамено и имаат „издувен вентил“ за стресот од секојдневието.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар