10 едноставни нешта на кои секоја жена треба да се потсети

0

Кога мислиме дека не сме доволно силни за да успееме во животот поради сите препреки, добро е да се потсетиме на одредени нешта и да си ја вратиме сaмодовербата и почитта кон себеси.

Како да го сториме тоа?

“Причината поради која се чувствуваме подобро кога ги зборуваме позитивните мисли како вербални изјави е тоа што позитивната енергија на мислата и сликата во нашиот ум предизвикува хемиски промени во нашето тело кои ни кажуваат дека сме среќни”, вели Кели Рудолф.

10 едноставни нешта на кои секоја жена треба да се потсети…

1. Врската со себеси е најдобрата која некогаш ќе ја имате
Секако, романтичните врски се прекрасни. Добро е да имате систем на поддршка и да се чувствувате сакани и ценети од друга личност. Но, врската со друга личност никогаш не може да ја замени онаа што можете да ја имате со себе. Вие се познавате подобро од било кој друг, знаете што ви е потребно и што заслужувате. Тоа е најважната врска која некогаш ќе ја имате.

2. Останатите врски во вашиот живот зависат од онаа која ја имате со себеси
Без разлика дали тие врски се социјални, платонски, семејни или романтични, вие нема да можете да создадете цврста и среќна врска со други луѓе ако сте се запоставиле себеси. Негувајте ја таа врска и тоа ќе се одрази на останатите.

„Не е себично да се грижите за себеси. Сочувството за себе значи дека се грижите за своите чувства исто како и за нечии други. Однесувајте се кон себеси онака како што би го третирале своето дете или најдобар пријател – со нежност, грижа и чиста љубов.“ -вели авторката Дебора Вард

3. Патувајте што повеќе
Парите, животот и обврските може да застанат на патот на овој сон – тоа е нормално. Но, ако имате финансиска слобода да отпатувате некаде, направете го тоа во прва прилика. Истражете нови места и искусете нови култури.

Погледот кон локалните традиции ќе ви овозможи да видите свет надвор од вашиот грижливо, создаден ”меур”. Тоа ќе биде прекрасно за вашата душа. И здравје.

4. Ценетe ги и зацврстете ги врските со други жени
Опшеството и медиумите сакаат да наметнат идеја дека две жени не можат да имаат вистинско пријателство поради натпреварувачкиот дух. Ова едноставно не е вистина. Градењето, зајакнувањето и ценењето на врски и односи со други жени ќе ви овозможи систем на поддршка, како ниеден друг.

Ако сте помлада жена, од голема важност е да изградите ваков однос со постара жена. Ќе научите непроценливи лекции.


5. Посвете го своето време на она што ви е важно во една врска, отколку да го потрошите во потрага на партнер
Кога поминувате премногу време барајќи некој да ве сака, ќе дојде момент кога би ја прифатиле и првата личност која ќе се појави и таа личност можеби нема да може да ги увиди вашите индивидуални потреби.

Фокусирајте се на она што навистина го сакате во една врска и вредностите кои ви се потребни.

6. Соочете се со осаменоста
Сите се плашиме да не останеме сами, а тоа потекнува од стравот дека можеби еден ден ќе останеме сами со себеси. Ако забележите дека тој страв преовладува, време е да се соочите со него. Престанете да го храните и да му давате моќ да го контролира вашиот живот. Кога еднаш ќе го надминете, ќе започнете вистински да го живеете животот.

7. 20тите години од вашиот живот се темел на годините што следат
Не, не морате да знаете се досега. Никој од нас не го испланирал својот живот во 20тите години. Тоа се години кога треба да пуштите корени, да експериментирате, да го свртите кормилото, патот на вашата кариера, фризурата, да пробате се што ќе посакате.

Од клучна важност е да се откриете себеси, ако сакате да се чувствувате комплетно понатака.

8. Не брзајте да го најдете вистинскиот – бидејќи ќе завршите со погрешниот
Притисокот кој си го ставаме сами на себе може лошо да се одрази. Сите длабоко во себе знаеме дека бајки не постојат, како ни совршенство.

Отворете го срцето и бидете трпеливи, само така може во вашиот живот да се појави личност што ќе ви биде совршена со сите свои маани и недостатоци – вистинскиот.

9. Запознавајте што повеќе луѓе
Излегувајте, запознавајте луѓе, отворете се и поврзете се – не се грижете што ќе кажат другите. Не се стопирајте да бидете свои, поради опшествените истражувања. Тоа ќе ви помогне да дознаете кои квалитети ви се важни кај другите луѓе.

10. Поминувајте го времето сами
Излезете сами на вечера, во кино или било каде. Кога ќе успеете да уживате во сопствено друштво, ќе почнете повеќе да уживате со други луѓе. Ќе дознаете што точно ве усреќува, кои се вашите интереси.

Запознајте се себеси најдобро што можете и не грижете се што ќе помислат другите – важно е што вие мислите за себе.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот