Работа, плата, стрес – изгледа познато?

0

Што е тоа што оди во комбинација со работата, покрај платата? Стресот!

Да, тоа е нешто кое со секој вработен се соочува на дневно ниво и не е новитет. Причина заради која е потребно да се намали неговото присутво и негативни последици.

Дури и да работите работа која што ја сакате, стресот е присутен. Според податоците на Американскиот центар за контрола на болести и нивна превенција, од 29 до 40% од Американците се под голем стрес на работното место, што резултира со појава на болести.

Како да си помогнете?

Почнете го денот како што треба

Утрата можат да бидат многу стресни заради презафатеноста. Секој вработен што ќе влезе тоа утро на работа е во борба со времето бидејќи го шетал кучето, купувал храна, ги носел децата во градника или на училиште и ред други обврски кои влијаат на емотивната состојба, прашање на време е само кога ќе изреагирате под притисок. Пробајте да имате оброк богат со цели зрна и растителни влакна. Истражувањата покажуваат дека јадењето на појадокот ја зголемува меморијата и концентрацијата, а го намалува нивото на лошиот холестерол. Луѓето кои го имаат тоа во своите дневни рутини се помалку анксиозни и стресни за разлика од останатите.

Организирајте се

Штом пристигнете на работа, прво што треба да направите е распоред, план за обврските, да ги поделите приоритетите од останатите работи. Со добро организиран ден, стресот ќе се намали или ќе исчезне.

Заборавете на мултитаскинг

Мултитиаскинг е термин кој се воведе во минатото со цел да се извршат повеќе работи истовремено и да се постигне повеќе. Со текот на годините, се повеќе вработени сфаќаат дека тоа носи само повеќе стрес, некоординираност и грешки. Затоа, заборавете на ова, доколку не сакате „мозокот“ да ви прегори. Подобро е една по една работите да се завршуваат, отколку се наеднаш и на крајот од денот да не знаете што точно треба да направите.

Удобност

Немојте да ја потценувате физичката удобност на работното место. Многу е важно на каква столица седите и во која позиција. Со тек на време неправилното седење ќе ви причинува физичка болка, фрустрација, концентрацијата ќе почне да паѓа заради постојано менување на положба. Удобноста вклучува и раздвижување. Сторете го тоа за време на паузата за ручек.

Избегнувајте конфликти

Ова е многу важен сегмент од вашето секојдневие. Како да го сторите тоа? Избегнувајте озборувања, ставови за политички партии и случувања, за нечиј приватен живот и слично. За не влезете во отворен конфликт, избегнувајте ги и луѓето кои секогаш гледаат да сработат најмалку на работа – тие не се вашата одговорност, тие се одговорност на менаџерите.

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот